Дома Топ вести Мбапе може да го одбие Реал Мадрид поради Анчелоти

Мбапе може да го одбие Реал Мадрид поради Анчелоти

Килијан Мбапе на крајот на сезоната ќе го напушти ПСЖ како слободен агент, а очекувањата се дека кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.

Медиумите во Франција пишуваат дека Мбапе не е импресиониран со начинот на игра на „кралевите“ под водство на Карло Анчелоти и поради тоа може да се предомисли.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Ле Паризиен“ објави дека Мбапе побарал од Флорентино Перез да го промени тренерот, а како идеално решение го посочил Јирген Клоп.

На Французинот му се допаѓал стилот на игра кој го форсира Јирген Клоп и сака да работи со Германецот, а германските медиуми не ја исклучуваат можноста поради тоа да го избере Ливерпул како следна дестинација.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…