Дома Топ вести Мбапе избрал дом во Мадрид: Ќе живее во вилата на поранешната ѕвезда на „кралевите“

Мбапе избрал дом во Мадрид: Ќе живее во вилата на поранешната ѕвезда на „кралевите“

Една од најдолгите трансфер саги во историјата на фудбалот треба да заврши ова лето бидејќи Килијан Мбапе објави дека го напушта ПСЖ.

Кариерата треба да ја продолжи во редовите на Реал Мадрид, кој треба да го официјализира неговиот трансфер пред Европското првенство во Германија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Самиот Мбапе веќе пронашол дом во главниот град на Шпанија и ќе престојува во вилата која ја користеше Велшанецот, Герет Бејл додека го носеше дресот на „кралевите“.

Вилата се простира на 1.200 квадратни метри и има седум спални соби и дури 11 бањи, а има и терени за фудбал, кошарка и голф, домашно кино и паркинг места за шест автомобили.
Ништо нема да му недостига во новиот дом, а она што е интересно е што неговиот нов дом се наоѓа во истиот дел од градот каде живееле најголемите ѕвезди на Реал како Кристијано Роналдо, Серхио Рамос и Дејвид Бекам.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …