Дома Топ вести Мбапе доби бланко чек, даде изненадувачки одговор

Мбапе доби бланко чек, даде изненадувачки одговор

ПСЖ се обидува со сите сили да го задржи Килијан Мбапе и последните информации од Франција се дека „светците“ му понудиле бланко чек на напаѓачот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Притоа, ПСЖ му понудил краткорочен договор на само две години и тоа со посебна клаузула да може следниот јануари да се пресели во Реал Мадрид, веднаш после Мундијалот во Катар.

На катарските сопственици им е исклучително важно да го имаат Мбапе во ПСЖ за време на Мундијалот, па не жалаат пари за да го задржат.

Во клубот биле убедени дека Мбапе ќе се согласи на ова и да го продолжи престојот во ПСЖ на уште неколку месеци, но Французинот ја одбил понудата.

Мбапе има договор со Реал Мадрид и не се откажува од намерата на лето да се пресели на „Сантиаго Бернабеу“ како слободен агент.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…