Фабио Фоњини и Рафаел Надал ја формираа првата полуфинална двојка на Мастерс турнирот во Мајами. Двајцата тенисери во четвртфиналето славеа во два сета против опонентите Кеи Нишикори, односно Џек Сок.
Италијанецот Фоњини, 40-ти на АТП листата, приреди изненадување со елиминацјата на третиот носител Нишикори. Фоњини победи во сета 6:4, 6:2, за 69 минути игра.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Надал во второто четвртфинале без поголеми проблеми го елиминира домашниот тенисер Сок со 6:2, 6:3.
Втората полуфинална двојка ќе биде формирана во четврток, кога ќе се одиграат четвртфиналните мечеви помеѓу Роџер Федерер и Томаш Бердих, односно Александар Зверев и Ник Кирјос.