Најдобриот фудбалер на Интер, Мауро Икарди наскоро ќе го продолжи договорот со миланскиот клуб, пренесуваат италијанските медиуми.
Икарди со месеци наназад се поврзува со трансфер во Реал Мадрид, но на крајот остана на Џузепе Меаца, а се чини дека ќе остане уште долго.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Интер за својот капитен спреми нов договор со кој ќе го задржи до 2023. година и по кој ќе заработува помеѓу пет и шест милиони евра.
Наводно откупната клазула и натаму ќе остане иста – 110 милиони евра.