Дома Фудбал Англија Матиќ: Се криеме од Мурињо кога ќе изгубиме!

Матиќ: Се криеме од Мурињо кога ќе изгубиме!

Манчестер Јунајтед во последно време почна да ја подобрува формата, но и понатаму е далеку од посакуваната позиција на табелата и борба за титулата.

Мурињо од почетокот на сезоната е мета на критики, но според Матиќ „Специјалниот“ не го заслужува притисокот кој го добива од медиумите и јавноста, бидејќи тој е лидер во соблекувалната.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Мурињо е прекрасна личност. Тој е различен човек надвор од фудбалските терени. Кога не победуваме, сите чекаат да ја видат неговата реакција. Тој сака да победува, но кога не победуваме се криеме од него“, открива Матиќ.

„Ние сме обединети. Заедно сме кога победуваме и остануваме заедно кога губиме. Медиумите пишуваат лаги за нас. Работиме напорно и ќе продолжиме да се трудиме секој нареден ден“, додава Србинот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Силва сигурно заминува, а можеби и Родри: Сити за замената мора да плати барем 100.000.000 евра

Манчестер Сити летово повторно ќе доживее важни промени. Капитенот Бернардо Силва заминува…