Дома Фудбал Англија Матиќ пред дербито: Немам што да се докажувам во Лондон!

Матиќ пред дербито: Немам што да се докажувам во Лондон!

matic

Немања Матиќ овој викенд ќе се соочи со навивачите навивачите на својот поранешен клуб, Челзи, тој гостува со Јунајтед на „Стенфорд Бриџ“.

Да потсетиме, Србинот ова лето за сума од 50 милиони евра Лондон го замени со Манчестер Јунајтед.

Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓


Матиќ беше запрашан дали претпоставува како ќе биде пречекан на неговиот поранешен „дом“.

„Навистина не знам. Кога играв таму, секогаш давав се од себе. Сигурен сум дека тоа го ценат, ако сепак не е така, не ме интересира. Јас се докажувам пред навивачите на Јунајтед, пред навивачите на Челзи се докажав кога играв таму. Освоивме две титули и два купа, мислам дека покажав некој квалитет“, изјави Матиќ.

Потоа Матиќ беше запрашан за кризата во која се наоѓа Челзи.

„Ние мораме да ги респектираме, тие се шампиони и сигурно нема да биде лесно, Челзи е добар тим, но и ние имаме квалитет. Премиер лигата е тешка, предноста која ја има нашиот градски ривал е достижна, тоа се само пет бода, односно два натпревари. Пред на се се уште многу натпревари оваа сезона, ништо не е изгубено“, заврши Матиќ

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Трилер завршница, Јунајтед испушти победа во последна минута

Лион и Манчестер Јунајтед одиграа исклучително возбудлив натпревар кој на крајот заврши бе…