Германските медиуми се убедени дека Мартинез по завршувањето на сезоната ќе го напушти Баерн Минхен.
Мартинез на Алијанц Арената дојде во 2012. година и од тогаш со Баварците освои бројни трофеи, меѓу кои и ЛШ. но ова лето ќе заврши неговата ера во Минхен.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Така барем тврдат медиумите во Германија, според кои неколку клубови покажале интерес за Мартинез, но извесно е дека неговата следна дестинација ќе биде Атлетик Билбао.
Наводно агентите на Мартинез веќе започнале преговори со овој шпански прволигаш, чиј дрес го носеше од 2006. до 2012. година, а целиот трансфер би требало да чини околу 20 милиони евра.
Мартинез од доаѓањето во Баерн запиша 232 настапи, постигна 13 погодоци и запиша девет асистенции.