Антони Марсијал не е задоволен од својот статус и сака во јануари да го напушти Манчестер Јунајтед.
Французинот ова лето се врати на „Олд Трафорд“ после позајмицата во Севиља, но не добива голема минутажа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Те Хаг одлучи да го задржи, но Марсијал не е задоволен од својот статус и сака да ја промени средината.
Најсилен интерес за Французинот покажува Јувентус, кој ќе се обиде во јануари да го доведе на позајмица со право на откуп.
Меѓутоа, „старата дама“ ќе треба да ја победи конкуренцијата бидејќи за неговиот потпис интерес покажуваат уште Вест Хем и Њукасл.