Дефанзивецот на Реал Мадрид, Марсело е изненаден од одлуката на тренерот Хулен Лопетеги да го извади на синоќешното гостување кај Џирона.
Реал славеше со 4:1 против Џирона, а Марсело во 60-та минута од мечот мораше да се пресели на клупата и таа одлука прилично го изненади.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Не очекував да бидам изваден од игра по само 60 минути. Подготвен сум 100% за цел натпревар. Сепак таква одлука донесе тренерот и јас ја почитувам“, изјави Марсело.
„На одличен пат сме и сигурен сум дека можеме да напредуваме во секој натпревар. Игравме добро и освоивме важни три бода“, додаде Бразилецот.
Тој беше заменет со Варан, а образложение на Лопетеги е дека сакал да ја засили скок играта на страната каде дејствува Марсело.