Дома Фудбал Италија Маркизио отпиша два ривали за Скудетото: Милан и Интер не се во трка за титулата!

Маркизио отпиша два ривали за Скудетото: Милан и Интер не се во трка за титулата!

Играчот за врска на Јувентус, Клаудио Маркизио изјави дека според него Милан и Интер оваа сезона немаат шанси да се борат за Скудетото.

Ова лето Милан е апсолутен хит на трансфер пазарот. „Росонерите“ потрошија повеќе од 200 милиони евра на засилувања, но Маркизио ги „отпиша“ миланските гиганти во борбата за титулата.

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


„Милан и Интер многу го променија играчкиот кадар, а тоа никогаш не е довро. Милан оваа сезона игра во Европа, Интер не, што може да биде предност за „нероаѕурите“. Иако многумина мислат дека можат да бидат наши ривали за титулата, сепак овие клубови не се во трка за Скудетото“, смета Маркизио.

„Мораме да внимаваме на Наполи и Рома, тие се нашите најголеми ривали, бидејќи двете екипи имаат соледен темел за успех“, додаде Италијанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Седлоски: Сите ќе дадеме свој максимум, можеме да дојдеме до трофејот!

Утре на Арената „Тодор Проески“ се игра финалето во Купот на Македонија во кое силите ќе г…