Дома Останати Авто Мото Маркез има нова цел откако ја освои осмата титулата светски првак

Маркез има нова цел откако ја освои осмата титулата светски првак

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез неодамна ја освои осмата титула светски првак, односно шеста во МотоГП категоријата.

Следната цел, како што вели, е титула со Хонда во поредокот на конструктрите.


Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓


„Сега е време да се борам за друга титула. Се уште е во тек борбата во конкуренција на конструктори и во тимска конкуренција. Со нетрпение ја чекам трката во Јапонија бидејќи е домашна трка за Хонда и навивачите се посебни.“ – изјави Маркез.

Шпанецот вози во неверојатна форма, а следната сезона за него ќе биде посебна од причина што може да го престигне Валентино Роси кога се во прашање светските титули. Да потсетиме, легендарниот Доктор за сега има девет.

Оваа сезона главниот ривал на Маркез за титулата беше Андреа Довициозо, кој моментално има дури 110 бода помалку од Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Официјално: Од 2026 година ќе гледаме нов тим во Формула 1

Tимот на Кадилак од 2026 година ќе стане 11. член на Формула 1 откако Џенерал Моторс, мати…