Дома Фудбал Репрезентации „Марка“ открива: Седум репрезентатици на Шпанија знаеле за одлуката на Лопатеги

„Марка“ открива: Седум репрезентатици на Шпанија знаеле за одлуката на Лопатеги

Фудбалскиот сојуз на Шпанија останал изненаден откако во текот на вчерашниот ден беше објавено дека наследник на Зинедин Зидан ќе биде сега веќе поранешниот селектор на Шпанија, Јулијан Лопатеги.

Оваа вест го шокираше сојзуот на Шпанија, но не и седумте реаловци кои го носат дресот на „Фуријата“.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Имено, „Марка“ открива дека Флорентино Перез пред неколку дена го повикал капитенот Серхио Рамос и во разговор го известил за својата одлуката кој да го замени Зидан. Карвахал, Рамос, Васкез, Асенсио, Иско, Ферандез и Ваљехо (сите играчи на Реал) знаеле дека следната сезона во Реал ќе ги води Лопатеги.

Во текстот се наведува и дека сите останатите играчи биле шокирани со неговата одлука со оглед на тоа што сето тоа беше објавено на 72 часа пред отварањето на Мундијалот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Скапото засилување го напушта Реал Мадрид

Откако не заигра ниту против Хетафе синоќа во победата на Реал Мадрид на “Алфонсо Пе…