Дома Фудбал Марка откри кои фудбалери се обидувале да го спречат отказот на Лопетеги

Марка откри кои фудбалери се обидувале да го спречат отказот на Лопетеги

Реал Мадрид синоќа соопшти на официјалната страна дека Лопетеги повеќе не е тренер на овој клуб бидејќи е одлучено да добие отказ поради лошите резултати.

Лопетеги на Сантијаго Бернабеу пристигна пред четири месеци кога ја напушти клупата на Шпанија на ден пред Светското првенство само да дојде во Реал. Сепак, неговата авантура на Сантијаго Бернабеу траеше само четири месеци, а после очајните резултати и четирите порази во петте последни натрпевари Перез одлучи да му заблагодари за соработката.


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Капката која ја прели чашата беше дебаклот на Камп Ноу против Барселона која ги демолираше Кралевите со 5:1. Лопетеги после овој натпревар знаеше дека отказот е спремен и според пишувањата на шпанските медиуми во соблекувалната се опростил од фудбалерите на Реал.

Но, угледната Марка тврди дека имало играчи кои се обидувале да го убедат раководството на клубот да почекаат со отказот. Водачот на оваа група бил Серхио Рамос, кој имаше одличен однос со Лопетеги, а го поддржале и Марсело, Иско, Касемиро и Крос. Сепак, не успеале да го спасат од отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фудбалерите биле изненадени: Аморим им се заканил дека ќе ги испрати во Бугарија!

Португалецот, Рубен Аморим започна со работа во Манчестер јунајтед, а на Островот пренесув…