Германските медиуми пренесуваат дека Марио Геце е спремен по втор пат да ја напушти Борусија Дортмунд и да се пресели во Премиер лигата.
Еминентниот „Билд“ открива дека Геце не е задоволен од понудата за нов договор на „милионерите“ и е спремен да ги слушне понудите од другите клубови.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес во моментов за Германецот покажува Арсенал, кој веќе стапил во контакт со неговите агенти и доставил понуда.
Геце пред три години се врати во Борусија Дортмунд после авантурата во Баерн Минхен, а сега е спремен да ја прифати понудата на „топџиите“.
Навивачите никогаш не му пристија за „предавството“, па по се изгледа повторно ќе се повтори истото, бидејќи Геце е спремен за повеќе пари да го напушти клубот.
26-годишниот Германец оваа сезона на 34 натпревари постигна седум гола и запиша исто толку асистенции.
Arsenal are interested in Borussia Dortmund's Mario Gotze, according to Bild. There are doubts over his future at #BVB as he has yet to sign a contract extension. #AFC
— Ronan Murphy (@swearimnotpaul) May 28, 2019