Се поизвесно е дека Марио Маџукиќ после само половина година ќе се врати во Италија.
Прославениот хрватски напаѓач во јануарскиот преоден рок од Јувентус премина во Ал-Духаил. Во овој клуб доби прилично добро финансиски услови, но ниту тој, ниту Катарците не се задоволни од тоа ко работите се одвиваа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
На Манџукиќ му недостасуваат сериозните предизвици, а со она што го покажа во Ал-Духаил ги разочара луѓето во клубот кои имаа големи очеувања од него. Во седум одиграни натпревари за овој клуб Манџукиќ постигна само еден гол.
Поради тоа извесно е дека многу лесно може да дојде до раскинување на договорот на година пред истекот, а медиумите во Италија шпекулираат дека би требало да се врати во Серија А каде што претходно го носеше дресот на Јувентус.
За Манџукиќ интерес покажал Беневенто кој според информациите за Хрватот е спремен да плати 3.5 милиони евра оштета.
„Пипо Инзаги е во потрага по звучно име во шпицот на нападот. Негова желба е Манџукиќ со кој е во одлични односи“, наведуваат медиумите на Апенините.