Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед.
Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.
Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанецот минатото лето се поврзуваше со трансфер во Реал Мадрид и Челзи, но сепак остана во Виљареал.
Сега во трката за неговиот потпис се вклучи Манчестер Јунајтед, кој покажува најсилен интерес и веќе стапил во контакт со неговиот агент.
Торес покажа одлични партии и во Лигата на шампиони, а „црвените ѓаволи“ веруваат дека би бил идеален партнер на Рафаел Варан.
Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, но Манчестер Јунајтед ќе мора да ја победи големата конкуренција.