Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед тргнува по Перишиќ

Манчестер Јунајтед тргнува по Перишиќ

Иван Перишиќ се врати во Интер после позајмицата во Баерн Минех, но јасно е дека за него нема место во тимот на Конте.

Италијанските медиуми тврдат дека интерес за Хрватот покажува Манчестер Јунајтед, кој ќе се обиде до крајот на преодниот рок да го донесе на „Олд Трафорд“.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Во текот на изминатата сезона, Перишиќ одигра 35 натпревари за Баерн Минхен, постигна осум погодоци со десет асистенции и ја освои тројната круна со Баварците.

За него нема повеќе место во Интер, па Јунајтед ќе се обиде да ја искористи таа ситуација. „Црвените ѓаволи“ се спремни да понудат 15 милиони евра за 31-годишниот фудбалер и се верува дека Интер ќе ја прифати таа понуда.

Јунајтед е во потрага по крилен напаѓач, а откако пропаднаа преговорите за Санчо сега ќе се обиде до поефтина опција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…