Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за играчот за врска на Валенсија, Жефри Кондогбија, пренесуваат медиумите на Островот.
27-годишниот Французин е еден од најдобрите поединци на Валенсија, но клубот се спрема за голема реконструкција ова лето.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Лилјаците“ имаат големи финансиски проблеми и ќе продаваат поголем дел од своите ѕвезди, па Манчестер Јунајтед сака да ја искористи таквата ситуација.
Кондогбија веќе го известил својот агент дека сака да ја напушти Валенсија и да се пресели во Премиер лигата, а интерес за него покажува и Тотенхем.
Кондогбија блесна во дресот на Севиља, потоа направи трансфер во Монако и Интер, а Валенсија за неговата слобода бара 40 милиони евра.