Манчестер Јунајтед спрема конкурентна понуда за напаѓачот на Атлетико Мадрид, Алваро Мората, пренесуваат италијанските медиуми.
Откако стана јасно дека Марко Арнаутовиќ нема да се пресели на „Олд Трафорд“, раководството на „црвените ѓаволи“ стапи во контакт со агентот на Мората, Хуан Лопез. Сепак, Атлетико нема да се раздели со шпанскиот репрезентативец доколку прво не обезбеди негова замена.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Изминатите две сезони Мората играше како позајмен во Јувентус, но „бјанконерите“ не ја активираа опцијата за откуп во неговиот договор. Италијанскиот гигант се надеваше дека ќе го задржат Мората, но за помала сума.
Мората не сака да остане во Атлетико, па неговите агенти се во контакт со Манчестер Јунајтед, а клубот од „Олд Трафорд“ спрема понуда.