Манчестер Јунајтед на големо изненадување спрема понуда за играчот за врска на Ливерпул, Алекс Окслејд-Чемберлејн.
28-годишниот Англичанец има статус на резерва на „Енфилд“ и „црвените“ се спремни да го продадат ова лето.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Црвените ѓаволи“ сакаат да ја искористат таквата ситуација и да го донесат на „Олд Трафорд“, тврдат медиумите на Островот.
По 58 години, Алекс Окслејд-Чемберлен би можел да стане деветтиот играч кој ќе се реши за „невозможен“ потег и ќе се пресели од Ливерпул во Манчестер Јунајтед.
Англиските медиуми пишуваат дека „црвените ѓаволи“ нудат 10 милиони фунти за услугите на Чемберлен, па останува да видиме дали Ливерпул ќе ја прифати понудата.