Изгледа дека Манчестер Јунајтед конечно тргна да ги решава своите дефанзивни проблеми.
Солскјер ќе има солиден буџет во летниот преоден рок и одврзани раце да креира тим по своја мерка, а приоритет за „црвените ѓаволи“ ќе биде доведување на врвен дефанзивец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Стоперот на Наполи Калиду Кулибали веќе подолго време се поврзува со клубот од „Олд Трафорд“, а последните информации од Островот велат дека Јунајтед нема да жали пари да го донесе во своите редови.
Имено, „црвените ѓаволи“ испрати понуда од 80 милиони евра, која наводно Наполи нема да може да ја одбие. Притоа, англискиот гигант му нуди на дефанзивецот двојно поголема плата од таа која ја заработува во Италија.
Кулибали го известил раководството на Наполи дека сака да ја промени средината, а бидејќи ПСЖ се откажа од него, сега Манчестер Јунајтед е фаворит за неговиот потпис.