Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд ќе го пропушти утрешниот дуел против Милан во осминафиналето од Лига Европа.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Солскјер нема да може да смета на неколку важни играчи. Повредени се уште Ван де Бек, Погба, Мата, а Де Геа е отсутен поради приватни причини. Исто така неизвесен е и настапот на Кавани.
„Мислам дека Маркус нема да биде спремен за утре. Тој не тренираше денес и ќе биде аут за Лига Европа, а под знак прашање и за викендот. Не сум сигурен дали некој од повредените ќе се врати, можеби Кавани“, изјави Солскјер.
„Го респектираме Милан, јас лично му се восхитувам на тој клуб. Имаат традиција, историја, квалитет и класа. Еден од најголемите клубови во светот и не очекува исклучителен натпревар“, додаде Солскјер.