Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед најде замена за Кавани

Манчестер Јунајтед најде замена за Кавани

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


23-годишниот Французин игра одлично оваа сезона и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

Нкунку е дете на ПСЖ и пристигна во Лајпциг во 2019 година, каде има договор на уште три години.

Рангник одлично го познава и смета дека идеално би се вклопил во неговиот стил на игра како замена за Кавани, кој на крајот на сезоната сигурно заминува.

Рангник има одлични односи со Лајпциг и тоа ќе му помогне да ја победи конкуренцијата бидејќи за Нкунку силен интерес покажуваат уште Арсенал и Баерн Минхен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…