Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвездата на Јувентус

Манчестер Јунајтед и Ливерпул се „тепаат“ за ѕвездата на Јувентус

Иднината на Адриен Рабио во Јувентус е неизвесна бидејќи неговиот договор со „старата дама“ истекува на крајот на сезоната.

Французинот има договор со Јувентус до крајот на сезоната, па многу е веројатно дека ќе замине како слободен агент.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


Со оглед на фактот дека Французинот игра одлична сезона, за него постои интерес од многу клубови ширум Европа.

Најсилен интерес за него покажуваат Ливерпул и Манчестер Јунајтед, кои веќе ја започнале битката за неговиот потпис.

„Црвените“ се во потрага по квалитетен играч за врска и сакаат да ја искористат ситуацијата да го доведат Рабио без обештетување.

Меѓутоа, Манчестер Јунајтед уште минатото лето го сакаше Французинот и Тен Хаг го убедува да се пресели на „Олд Трафорд“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…