Дома Топ вести Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн спремаат трампа

Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен може да направат трампа во последните денови од преодниот рок.

Тен Хаг бара засилување за средниот ред, а најголема желба е Рајан Гравенберх, кого одлично го познава од времето кога заедно работеа во Ајакс.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


21-годишниот холандски талент блесна во дресот на Ајакс и направи трансфер во Баерн, каде не добива голема минутажа и е спремен да ја промени средината.

Баерн е спремен да го пушти, но сака да донесе замена, а Тухел е заинтересиран за Скот Мектомини од Манчестер Јунајтед.

Германските медиуми пренесуваат дека двата клуба во наредните денови можат да договорат трампа на двајцата фудбалери од средиот ред.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…