Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед и Арсенал ја сакаат ѕвездата на Наполи

Манчестер Јунајтед и Арсенал ја сакаат ѕвездата на Наполи

Англиските медиуми пренесуваат дека Арсенал и Манчестер Јунајтед се силно заинтересиран за играчот за врска на Наполи, Фабиан Руиз.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


25-годишниот Шпанец пристигна во Наполи од Бетис и веднаш се промовираше во клучен играч во тимот, па сега е стандарден и во шпанската репрезентација.

Англиските гиганти подолго време го следат Фабиан Руиз и сега се спремни да преземат конкретни чекори за негов ангажман.

Јунајтед бара наследник на Погба, кој заминува од „Олд Трафорд“ ова лето и верува дека Шпанецот би бил идеално решение.

Договорот на Шпанецот со Наполи истекува во јуни 2023 година, па на лето ќе влезе во последната година од договорот.

Манчестер Јунајтед и Арсенал се спремни да понудат 50 милиони евра и веќе ја започнаа битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…