Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед го сака „мозокот“ на Атлетико Мадрид

Манчестер Јунајтед го сака „мозокот“ на Атлетико Мадрид

Спортскиот директор на Атлетико Мадрид, Андреа Берта е главна цел на Манчестер Јунајтед за директорското место на „Олд Трафорд“.

Манчестер Јунајтед има намера да назначи спортски директор кој што ќе работи во тандем со менаџерот Жозе Мурињо. Според медиумите на Островот, извршниот директор Ед Вудворд веќе има список со неколку кандидати, а токму Берта е на врвот на листата желби.

Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓


Италијанецот работи во Атлетико од 2013 година и одигра клучна улога при трансферите на Гризман, Јан Облак и враќањет на Диего Коста.

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи исто така е на списокот, но тоа е скоро „невозможна мисија“.

Третиот кандидат е Пол Мичел, поранешен спортски директор на Тотенхем, кој сега работи во Лајпциг.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Шутираа 40 пати, останаа без победа и испаднаа: СП за клубови вакво нешто не го памети (Видео)

Каква фудбалска трагедија за Бока Јуниорс. Трофејниот аргентински клуб испадна во групната…