Шпанскиот фудбалер Андер Ерера веројатно ја игра својата последна сезона во Манчестер Јунајтед, а можно е да го напушти клубот во зимскиот преоден рок.
Ерера пристигна на „Олд Трафорд“ пред четири години од Атлетик Билбао за 33 милиони фунти како големо засилување. Овој 29-годишен играч за врска до сега за „црвените ѓаволи“ одигра 166 натпревари на кои постигна 17 гола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, оваа сезона Мурињо му дава мала минутажа и јасно му стави до знаење дека не смета на него. Шпанскит фудбалер има договор со Јунајтед до крајот на сезоната и готово сигурно ќе си замине од „Олд Трафорд“.
„Црвените ѓаволи“ не се заинтересирани да ја продолжат соработката, но сакаат да заработат на неговото заминување и да го продадат во јануари.
Англиските медиуми тврдат дека Јунајтед е спремен да го пушти за симболична сума од 5 милиони фунти, а интерес за Ерера покажуваат Милан и Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао.