Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо планира да остане во англискиот великан уште 15 години и да остави траг како што тоа го направи легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Португалецот изминатото лето пристигна на „Олд Трафорд“ и веќе во првата сезона освои три трофеи – Лига Европа, Лига Купот и Комјунити Шилд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Подготвен сум за таков потфат, да бидам уште 15 години во Манчестер, сакам да останам толку, зошто да не?“, истакна 54-годишниот Мурињо за ЕСПН.
Мурињо дојде во Манчестер како наследник на несупешните Дејвид Мојес и Луј Ван Гал кои пристигнаа во клубот по 27-годишната ера на Фергусон.
„Кариерата на Фергусон е единствена. Мислам дека никој не може да ја достигне и да предводи ист клуб толку години, па дури ниту да биде во истата лига, Последен со идентична приказна е Арсен Венгер, но тоа во модерниот фудбал повеќе го нема. Ако имаш успех остануваш, во спротивно заминуваш“, истакна Мурињо.
Каде и да работел, досега Мурињо освојувал титули и бележел успеси, така беше во Порто, Челси, Интер, Реал, а во првата сезона на „Олд Трафорд“ го наговестува истиот епилог.