Манчестер Сити е силно заинтересиран за играчот на Челзи и хрватски репрезентативец, Матео Ковачиќ.
Според најавите „сините“ се спремни да го пуштат 28 годишниот Ковачиќ на кого договорот му истекува следното лето доколку пристигне понуда од 35 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Најсилен интерес за Хрватот покажува Манчестер Сити, бидејќи Гвардиола е голем симпатизер на неговите квалитети.
„Граѓаните“ сакаат да ја искористат ситуацијата и веќе стапиле во контакт со неговиот агент и почнале преговор.
За Сити нема да биде проблем да ја плати бараната сума, па сакаат што е можно посокоро да постигнат договор со фудбалерот.