Дома Фудбал Англија Манчестер Сити, Лестер и Евертон не дозволија изненадувања во Лига Купот

Манчестер Сити, Лестер и Евертон не дозволија изненадувања во Лига Купот

Во натпреварите од осминафиналето на Лига Купот во Англија фаворитите беа сигурни.

Манчестер Сити на „Етихад“ го пречека Саутемптон во натпреварот кој привлекуваше најмногу внимание. Покрај тоа што Гвардиола имаше промени во тимот сепак неговиот тим без проблем се избори за четвртфинале.

Сакаш да снимаш видеа и да заработуваш од тоа? ТЕБЕ ТЕ БАРАМЕ! ↓↓↓


Николас Отаменди постигна гол за водство, а преостанатите два беа дело на Кун Агуеро. Голот на утеха за Саутемптон го постигна Стефенс.

Лестер гостуваше кај нисколигашот Бартон и славеше со 3:1. Головите ги постигнаа Инхеначо, Тилеманс и Медисон, Бојс беше стрелец за домаќините.

Колчестер со 3:1 славеше против Кревле, додека Евертон на „Гудисон Парка“ го совлада Вотфорд. Водечкиот гол го постигна Холгејт после асистенција на Волкот, додека Ричарлисон ги постави конечните 2:0.

Натпреварот поемѓу Оксфорд и Сандерленд се играа пенали, а подобар беше тимот на Оксфорд.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Луис Дијаз ги разлути навивачите на Ливерпул

Додека речиси целиот состав на Ливерпул беше на погребот на Диого Жота, имаше неколку фудб…