Манчестер Сити денес и официјално го претстави своето ново засилување доаѓа од Атлетико Мадрид.
Станува збор за Родри кој е второ засилување за тимот на Пеп Гвардиола оваа сезона. Првото беше бекот на ПСВ, Ангелињо.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Родри потпиша договор на пет години со Манчестер Сити и ќе претставува големо засилување за овој тим. Игра на позицијата играч за врска и неговата главна задача ќе биде деструкција на противничките напади.
„Она што Манчестер Сити го прави во последните две години е неверојатно. Мило ми е што потпишува за оваа талентирана екипа. Не зборувам само за титулите, воодушевен сум напаѓачкиот стил на игра кој го практикуваат. Возбуден сум што ќе работам со Пеп Гвардиола и се надевам дека ќе ги оствариме зацртаните цели“, изјави Родри.
За услугите на Родри Манчестер Сити ја плати клазулата во износ од 70 милиони евра.
✍️Done deal! Welcome to the Champions, Rodri ?
? #mancity pic.twitter.com/CJobsdj7lI
— Manchester City (@ManCity) July 4, 2019