Манчестер Сити лесно се пласираше во осминафиналето на ФА Купот откако денес на „Итихад“ го совлада Барнли со 5:0.
Без поголеми проблеми тимот на Пеп Гвардиола стигна до победа, а „граѓаните“ постигнаа пет погодоци.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Натпреварот го отворија во 23-тата минута. Погоди Габриел Жесус, тоа беше и резултатот со кој се замина на полувреме.
Второто полувреме донесе катастрофа за гостите. Бернардо Силва во 53-тата минута зголемува на 2:0, за осум минути подоцна Де Брујн да се запише во листата на стрелци.
Лонг со автогол зголеми на 4:0 во 73-тата минута, за точка на убедливата победа да стави Серхио Агуеро со голот од пенал во 85-тата минута од натпреварот.
ФА Куп 4-то коло (се игра втор натпревар во случај на реми)
Манчестер Сити – Барнли 5:0
Брајтон – ВБА 0:0
Донкастер – Олдам 2:1
Миделсброу – Њупорт 1:1
Њукасл – Вотфорд 0:2
Портсмунт – Квинс Парк Ренџерс 1:1
Шерсбери – Волвес 2:2
Свонси – Гилингам 4:1