Дома Фудбал Англија Манчестер Сити во понеделник ќе ја дознае европската судбина

Манчестер Сити во понеделник ќе ја дознае европската судбина

Арбитражниот спортски суд (КАС) во Лозана во понеделник ќе ја објави одлуката за жалбата на Манчестер Сити против двегодишната забрана за учество во европски натпреварувања.

Пресудата на тричлениот совет на судии во понеделник во 10:30 часот по наше време. Во пресудата од рочиштето, што се одржа преку видео-врска од 8 до 10 јули, веројатно ќе има неколку детали за причините на судиите. За целосна писмена пресуда обично се потребни месеци за подготовка.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Европската фудбалска централа (УЕФА) го суспендираше Манчестер Сити во февруари, поради сериозно кршење на правилата за финансиски фер-плеј помеѓу 2012 и 2016 година, но и затоа што Сити не соработуваше со истражните органи.

Англискиот клуб се надева дека казната ќе им биде намалена или поништена, а конечната одлука ќе ја дознае во понеделник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Челси се вклучува во битката за Семењо

Челси остварил контакт со Борнемут за Антоан Семењо. Лондонскиот клуб ги прашал при кои ус…