Фудбалерите на Македонија вчера ремизираа 1:1 против силната на Англија и тоа пред полн стадион, а секако тоа е позитивен резултат за нас.
Дефанзивецот на хрватски Осијек, Јован Манев смета дека овој резултат треба да биде мотив за уште подобра Македонија во иднина.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Пред сè, сакам да им се заблагодарам на навивачите што дојдоа во голем број и не поддржаа, тоа беше поттик за нас. Ние сме млада екипа и сме во процес, затоа сум горд на моите соиграчи. Се надевам дека со овој резултат нема да застанеме овде, затоа што имаме многу квалитет и сега уште поголема мотивација, по ова реми со Англија.
Се надевам дека во следниот циклус ќе излезе на виделина она кое го работиме и заедно ќе се радуваме на нови успеси на Македонија. Англичаните се светска класа, но тоа беше мотивација за нас да ги покажеме квалитетите“, изјави Манев.
Со вчерашниот бод Македонија до осум кои беа доволни за четвртата позиција во групата зад Англија, Италија, Украина и Малта.