Дома Фудбал Франција Макрон призна: Разговарав со Мбапе пред да ја донесе одлуката

Макрон призна: Разговарав со Мбапе пред да ја донесе одлуката

И претходно се пишуваше, а сега и самиот Макрон потврди дека и тој учествувал во убедувањето на Мбапе да остане во ПСЖ.

Ќе потсетиме, Мбапе имаше скоро договорен трансфер во Реал Мадрид и се очекуваше од наредната сезона да го гледаме во редовите на „кралевите“, сепак на крајот ПСЖ во последен момент успеа да го убеди Французинот да стави потпис на нов договор.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Макрон сега во изјава за медиумите потврди дека разговарал со Мбапе пред да ја донесе одлуката да остане во Париз.

„Точно е, разговарав со Мбапе пред да одлучи каде ќе продолжи. Искрено го советував да остане во Франција. Јас сум претседател на земјата и моја одговорност е да застанам во одбрана кога тоа е побарано од мене на неформален и пријателски начин“.

Откри Макрон и дека е навивач на Марсеј.

„Во некој трансфер никогаш не сум интервенирал. Како и секој друг граѓанин и јас сакам да гледам добар натпревар и да навивам за мојот омилен тим, Марсеј“, изјави Макрон.

Мбапе на крајот го продолжи договорот со ПСЖ на три години и сега истиот има важност до 2025 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Франција

Проверете

Маскерано ќе биде нов тренер на Меси и Интер Мајами

Првата клупска тренерска работа на Хавиер Маскерано ќе биде да го тренира еден од најдобри…