Дома Македонски спорт Мак ракомет Македонските навивачи од денес може да купуваат билети за СП, но цените не се воопшти ниски!

Македонските навивачи од денес може да купуваат билети за СП, но цените не се воопшти ниски!

Денеска стартува продажбата на билетите за натпреварите во Пореч и Вараждин од Светското првенство во 2025 година. Покрај Хрватска, домаќини се уште Данска и Норвешка.

Ждрепката сакаше Македонија своите натпревари да ги игра во Вараждин. Цените на билетите се од 50 до 70 евра во зависност од местото на седење, а еден билет важи за двата натпревари кои се играат тој ден.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


За македонските фанови е резервиран секторот К. Македонија на 15-ти јануари игра против Унгарија, потоа против Холандија на 17-ти, а групната фаза ја затвораме со натпреварот на 19-ти јануари против Гвинеја.

За главната рунда која ќе се игра исто така во Вараждин билетите се уште не се пуштени во продажба.

Билетите може да се купуваат на ОВОЈ ЛИНК.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Манчестер Јунајтед и Борнмут приредија спектакуларно шоу со осум гола на “Олд Трафорд”

Манчестер Јунајтед и Борнмут одиграа возбудлив натпревар, кој беше завршен како последен м…