Дома Македонски спорт Мак баскет Македонија утре ќе може да се гледа само на странска телевизија со странски коментар

Македонија утре ќе може да се гледа само на странска телевизија со странски коментар

Утре кошаркарската репрезентација на Македонијата во салата „Борис Трајковски“ ќе игра против Естонија во рамките од квалификациите за Европското првенство во 2021 година.

Правата за ова натпреварување ги има откупено телевизијата „Спортклуб“, па како и фудбалерите и кошаркарите нема да ги гледаме на ниту еден македонски канал. Ова значи и дека имињата на нашите репрезентативци ќе ги слушаме на хрватски јазик.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Меѓутоа по примерот со фудбалската репрезентацијата на Македонија можеби за некој од иднината натпревари да се постигне договор за македонски коментатор. Во квалификациите за Евро 2020 натпреварите на Македонија на „Спортклуб“ одеа со коментатор на македонски јазик, па веројатно има простор и тука да се направи нешто слично.

За овој натпревар таква опција сигурно нема да има, па на македонските навивачи им останува или да дојдат во салата „Борис Трајковски“ и во живо дадат поддршка репрезентативите или пак доколку се во можност да гледаат на „Спортклуб 2“ со коментар на хрватски јазик.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак баскет

Проверете

Литванскиот селектор пред натпреварот вечерва: Дознавме како игра Македонија!

Вечерва во Скопје, Римас Куртинаитис ќе дебитира на селекторската позиција во литванската …