Македонската ракометна репрезентација ќе настапи ослабена на „Кроација Купот“ во Пореч, каде што ќе играат и селекциите на Катар и Хрватска.
Селекторот Кире Лазаров не може да смета на Филип Талески, Никола Митревски и Цветан Кузманоски.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Филип Талески има мала повреда и со него нема да се ризикува да игра пред почетокот на СП. Поради истата причина Талески го прескокна и ревијалниот натпревар против ветераните во Скопје.
Митревски доби дополнителен одмор бидејќи најдоцна заврши со клупските обврски во порто. Кузманоски е здрав и без повреда, меѓутоа за овие контролни средби левата крилна позиција ја пополнија Дејан Манасков и Петар Атанасијевиќ.
Македонија во Пореч ќе игра против Хрватска и Израел на 6 и 7 јануари.