Македонецот кој работи како технички директор во тимот на Лос Анџелес Галакси испрати порака до Милан кој се обидува да го ангажира Златан Ибрахимовиќ.
Златан Ибрахимовиќ на големо се поврзува со враќање во Милан. Според последните информации официјалните преговори се започнати со состанокот од четири часа помеѓу Леонардо и Раиола.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак Кировски порачува дека Галакси сака да го задржи Ибрахимовиќ.
„Ибрахимовиќ е одличен играч и значи многу за целата лига, не само за нашиот клуб. Тој е најдобриот играч кој играл во МЛС лигата. Тој е вистински голгетер кој сака да победува. Договорот на Ибрахимовиќ не е пред завршување и има уште една година, ние се надеваме дека е среќен тука бидејќи сакаме да остане што подолго“, изјави Кировски.
#MLS, #Galaxy director Kirovski:”We want #Ibrahimovic to stay with us” https://t.co/Vr7nN2XixX
— David Amoyal (@DavidAmoyal) November 19, 2018