Дома Трансфер зона Мадридски весник: „Лука Модриќ работи како двоен агент на Барселона без да знае“

Мадридски весник: „Лука Модриќ работи како двоен агент на Барселона без да знае“

Хрватскиот фудбалски репрезентативец Марсело Брозовиќ е голема желба на Барселона.

Марсело Брозовиќ чека официјална понуда од Барселона. Вака накратко би можело да се опише неподготвеноста на хрватсkиот репрезентативец да ја прифати понудата на Саудиска Ал Наср.


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Иако му понудија 20 милиони евра годишно, со што би станал најплатен хрватски фудбалер на сите времиња, Брозовиќ решил да упати ново барање до управата на саудискиот клуб и на тој начин да купи уште малку време.

Тој сака поголема плата од саудискиот клуб, а додека го чека неговиот одговор, се надева дека на адресата на Интер ќе слета официјална понуда од Барселона, но за тоа мора да се поклопат неколку работи.

Заради финансиски фер-плеј мора прво да продадат еден од играчите за да направат простор за хрватскиот фудбалер, но времето истекува. Доколку до 30 јуни не продадат играч, сигурно е дека нема да можат да испратат понуда на адреса на миланскиот клуб.

Прво им понудија пари и Франк Кеси, но Италијанците не се согласија на тоа од едноставна причина, им требаат пари. Ја прифатија понудата на Ал Наср од 23 милиони евра, но зделката не можат да ја затворат без Брозовиќ.

Тој е оној кој треба да го даде последниот збор, а во Барселона се надеваат дека ќе го следи примерот на Лука Модриќ.

Иако наполни 38 години, хрватскиот капитен одби огромни милиони од Саудиска Арабија и реши да остане уште една година во Реал Мадрид, пишува AS, додавајќи дека Модриќ работи како двоен агент за Реал и Барселона, без да го знае тоа.

„Неговата одлука да ја одбие понудата што ја имаше на маса од Саудиска Арабија и да го обнови договорот со Реал Мадрид е еден од главните аргументи на Барселона за Брозовиќ да им сврти грб на милионите од Ал Наср“, пишува мадридскиот весник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Што се чека: Зошто трансферот на Шчесни се уште не е официјализиран?

Војчех Шчесни и понатаму чека официјализирање на трансферот во Барселона. Како што пренесу…