Дома Фудбал Италија Лукаку тешко се справува со изолацијата: Заклучен сум, еден ден скоро и да полудев

Лукаку тешко се справува со изолацијата: Заклучен сум, еден ден скоро и да полудев

Пандемијата на коронавирусот одзема животи, а сите се надеваат дека ситуацијата ќе заврши што побрзо.

На „граѓаните“ им се препорачува да останат во своите домови, а напаѓачот на Интер Ромелу Лукаку признава дека тоа тешко му паѓа.

„Заклучен сум. Не можам да излезам надвор, не можам да одам да прошетам. Еден ден скоро и ќе полудев“, истакна Лукаку.

Му недостасува дружењето со семејството.

„Мајка ми, синот, братот…Размислувам на нив, а посебно ми е тешко поради мајка ми која има дијабетес. Не можам да одам до кај неа и да ја прегрнам“, признава Белгиецот.

Истакна дека препораките мораат да се слушаат и тој ќе се труди да остане позитивен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал подготвува понуда за бразилскиот талент Бидон

Арсенал е на чекор да поднесе официјална понуда за младиот бразилски играч од средниот ред…