Дома Фудбал Англија Лукаку е во голема криза: Што се случи во светот од кога последен пат погоди на „Олд Трафорд“?

Лукаку е во голема криза: Што се случи во светот од кога последен пат погоди на „Олд Трафорд“?

Напашачот на Манчестер Јунајтед, Ромелу Лукаку се наоѓа во голема голгетерска криза кога во прашање се погодоците на „Олд Трафорд“.

Лукаку пред една година дојде како големо засилување во Манчестер Јунајтед и беше солиден во првата сезона. Поради тоа навивачите на овој клуб во оваа сезона очекуваа подобри настапи, но Лукаку изгледа непрепознатливо.

Goblin Games - Индустријата за Board Games е во огромен подем! ↓↓↓


Неверојатно звучи податокот дека Белгиецот уште од март не постигнал гол на „Олд Трафорд“. Навивачите се незадоволни од неговите настапи и голем дел од нив бараат продажба на Лукаку и доведување на нов напаѓач.

Англичаните направија една интересна споредба кога во прашање е кризата на Лукаку.

Откако Лукаку го постигна последниот гол на „Олд Трафорд“ се случија следните работи: Килијан Мбапе освои четири трофеи, заврши целата сезона во Формула 1, 14 министри во Велика Британија си поднесоа поради Брегзит и во светот се родени околу 92 милиони бебиња.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Oва се можните противници на Шкендија во квалификациите за Лигата на шампионите

Иако ја освои титулата во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија нема да има повластен…