Дома Фудбал Лука Модриќ во 2018. како Роналдо во 1998. година

Лука Модриќ во 2018. како Роналдо во 1998. година

Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ оваа година конечно доби официјално признание за она што го работи на теренот наназад доста успешно.

Тој вчера беше прогласен за најдобар играч во Европа, а само месец ипол дена порано беше прогласен за најдобар играч на Мундијалот во Русија.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


Лука на тој начин стана првиот фудбалер после Роналдо во 1998. година кој во една година успеал да ги освои тие две награди. Да потсетиме, таа година исто како и Модриќ го загуби финалето на Мундијалот од Франција.

Нормално, останува можноста Лука да дојде и до третото прзизнание и тоа најбитното – Златна топка за најдобар играч на светот. Тука повторно конкуренти ќе му бидат Салах и Роналдо, а наградата ќе биде доделена во јануари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нè чека пеколна борба за ЛШ: Астон вила му одржа лекција на Њукасл

Екипата на Астон Вила попладнево приреди вистинска фудбалска лекција и со убедлива победа …