Седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, и славната тенисерка Серена Вилијамс ќе вложат десетици милиони фунти како помош за Мартин Брогтон да го купи фудбалскиот клуб Челзи, пренесува „Скај Спорт“.
Двајцата ќе инвестираат по 10 милиони фунти, а конзорциумот е предводен од поранешниот претседател на Ливерпул и Бритиш Ервејс, Мартин Брогтон.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Челзи е во сопственост на рускиот милијардер Роман Абрамович од 2003 година, но британската влада му го одзеде откако во февруари започна руската воена инвазија на Украина.
Вредноста на клубот се проценува на 2,5 милијарди, а секој што сака да учествува во наддавањето за него мора да гарантира инвестиција од најмалку една милијарда.
BREAKING | Sir Lewis Hamilton and Serena Williams are committing millions of pounds to one of the bids vying to become the new owners of Chelsea Football Club ⬇pic.twitter.com/CXqs0kEdBw
— Sky Sports F1 (@SkySportsF1) April 21, 2022