Дома Фудбал Италија Луис Ерике може да го замени Пиоли во Милан

Луис Ерике може да го замени Пиоли во Милан

Милан оваа сезона не игра според очекувањата, иако се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

„Росонерите“ играат слабо во Серија А и доколку не завршат во Топ 4 на крајот сигурно тренерот Пиоли ќе добие отказ.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Раководството и понатаму му верува на Пиоли, но медиумуте тврдат дека на лето би можело да дојде до тренерска смена на „Сан Сиро“.

Италијанските медиуми пренесуваат дека прв фаворит за негов наследик е Луис Енрике. Шпанецот во моментов е без ангажман, откако го напушти кормилото на шпанската репрезентација.

Енрике има искуство во Серија А каде ја предводеше Рома и тоа токму кога на „Олимико“ беше директор Фредерик Масара, кој сега е спортски директор во Милан и е во одлични односи со Шпанецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Румениге пред реваншот против Реал Мадрид: Чувствувам еуфорија и тоа не ми се допаѓа

Во Баерн Минхен не сакаат да паднат во замката на преголема самоувереност и покрај преднос…