Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Луис Енрике поднесува оставка, има фаворит за негов наследик

Луис Енрике поднесува оставка, има фаворит за негов наследик

Луис Енрике ќе поднесе оставка од селекторското место на Шпанија во следните 48 часа, пренесуваат тамошните медиуми.

Поразот од Мароко и раната елиминација од СП влијаеше на неговата конечна одлука и тој ќе ја напушти клупата на Шпанија, а официјална потврда се очекува во следните 48 часа.


Како главен фаворит за негов наследник се споменува Луис де ла Фуенте. Станува збор за селекторот на младата репрезентација на Шпанија со која стана европски првак во 2019 година, а подоцна го освои и сребрениот медал на Олимпијадата во Токио во 2020 година. 

„Луис Енрике заминува во следните 24 до 48 часа, а негова замена ќе биде селекторот на репрезентацијата до 21 година, Луис Де ла Фуенте“, пренесуваат шпанските медиуми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Кој ќе биде Златната копачка? Ѓокереш постигна 38 голови, но Мбапе и Салах се поблиску до трофејот

Возбудата во трката за Златната копачка на Европа достигна кулминација последниве недели, …