Дома Фудбал Репрезентации Луис Енрике за дебито на Гави: Беше уживање да се гледа, го чуваше неговиот идол

Луис Енрике за дебито на Гави: Беше уживање да се гледа, го чуваше неговиот идол

Mладиот Гави вчера стана најмладиот играч кој дебитирал во шпанската репрезентација и одигра фантастичен натпревар, после мечот селекторот Луис Енрике за него имаше само пофални зборови.

Lazar Keskinov

Гави дебитираше со 17 години и 62 дена и така го сруши рекордот уште од 1936 година кој го држеше Анхел Зибизарета. Енрике кој му даде шанса да испише историја по мечот не ги штедеше комплиментите.

Lazar Keskinov

Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Убеден бев во неговите квалитети. Го познавам одамна, ненормално беше тоа како одигра, беше уживање да се гледа. Има карактер и одлични физички предиспозиции“.

Lazar Keskinov

Откри дека го чувал својот идол.

„Го познавам од младинските категории и добро знаев што може. Негова задача беше и да го чува Верати, неговиот идол и тоа го направи на извонреден начин. Верувам дека тој и сегашности и иднина на шпанската репрезентација“, изјави Луис Енрике.

Lazar Keskinov

Ќе потсетиме, Шпанија на гостински терен ја победи Италија со 1:2.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Барса го „блиндира“ Јамал со клаузула од 1 милијарда

Младата ѕвезда на Барселона Ламин Јамал е блиску до потпишување нов договор со клубот, обј…