Дома Топ вести Луис Енрике: Бевме очајни, не заслуживме ни реми!

Луис Енрике: Бевме очајни, не заслуживме ни реми!

Тренерот на Барселона, Луис Енрике беше бесен после најлошото издание на неговиот тим оваа сезона и ремито против Реал Сосиедад.

Барселона одигра 1:1 против Сосиедад и сега заостанува зад Реал цели 6 бода, а Луис Енрике беше критичен и истакна дека неговиот тим не заслужил ни реми.

Јосиф Дамјанов: Како да изградиш бренд што менува животи! 🚀💡 ↓↓↓


„Многу е лесно да се анализира мечот со Сосиедад, просто бевме очајни и не можевме да направиме пет пасови. Кога би го гледал само резултатот веројатно тоа би било позитивна оцена. Тоа што мечот заврши 1:1 е вистинско чудо“, истакна Луис Енрике.

„Сосиедад одигра одлично, постојано не притискаше и не ни даваше голем простор за игра. Ова е најлошиот меч откако сум на клупата на Барселона и сметам дека не го заслуживме ни овој бод“ , заклучи стратегот на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Вилијамс се договорил, ќе се откаже од милиони за да си го исполни сонот!

Нико Вилијамс ги прифати условите на Барселона, потврди Фабрицио Романо. Според него, Нико…